🎥 УКРАИНСКИ НАПАД ВРЗ ФАБРИКА ВО МИЛИОНСКИ РУСКИ ГРАД „Нè гаѓаа со британските ракети Сторм шедоу“
- Воронеж е град со милиони жители во југозападна Русија и административен центар на регионот Воронеж, еден од важните индустриски региони на Русија.
- Украинската војска нападна голема фабрика за електроника во рускиот град Воронеж, која произведува електроника за руските ракети Искандер и Х-101, како и за противвоздушниот систем Панцир С-1, објави Генералштабот на Украина на Фејсбук.