УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ 8,1 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД ММФ Помош за финансирање на буџетскиот дефицит
- Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина вреден 8,1 милијарда долари, соопшти премиерката на Украина, Јулија Свириденко.
- Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија – истакна Свириденко.