Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
- Украинските воздухопловни сили соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад врз Украина во текот на ноќта, објави украинската новинска агенција Укринформ.
- Се наведува дека нападите со дронови започнале вчера попладне по локално време и дека до 8 часот наутро денеска, 203 дронови биле соборени или блокирани во северна, јужна и источна Украина.