Уапсен поранешен гувернер на мексиканска држава поради случајот со исчезнувањето на 43 студенти
- Поранешниот гувернер на мексиканската сојузна држава Гереро, Анхел Агире, е уапсен поради сомнение дека наредил уништување докази што можеле да помогнат во истрагата по случајот со исчезнувањето на 43 студенти од учителската школа Ајоцинaпа во 2014 година.
- Нови сведочења, меѓу кои и од заштитен сведок, укажуваат дека Агире можеби наредил уништување видео-снимки и други докази кои можеле да помогнат во откривањето на вистината.