УАПСЕН 19-ГОДИШЕН МАКЕДОНЕЦ ОБВИНЕТ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО НА ЧЛЕН НА ШКАЉАРСКИ КЛАН Една година се криел од полицијата
- Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен во Никшиќ, Црна Гора, во полициска акција поврзана со истрагата за обидот за убиство на Марко Љ. жител на Будва, познат како Кан, кој според црногорските медиуми е висок член на Шкаљарскиот клан.
- Во акцијата беше пронајден и, според меѓународна потерница издадена од НЦБ Интерпол Подгорица, лишен од слобода е А. Т. државјанин на Северна Македонија, осомничен за обид за убиство на член на спротивставена криминална група“, соопшти црногорската полиција.