Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“
- Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: Соединетите Американски Држави не се „касичка“ за Европа, ниту пак ќе дозволиме да бидат!“ – Европската Унија повторно, како и обично, директно ги напаѓа ОДЛИЧНИТЕ американски компании!
- Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со „значителни“ царини откако, како што наведува, Брисел им наметна серија високи казни на американските технолошки гиганти.
- Откако ги казни Apple, без никаква причина, со 15 милијарди долари, Meta, 3 милијарди долари, Amazon со 2,5 милијарди долари и многу други, штотуку бевме информирани дека Google, навистина напредна и неверојатна компанија, е казнета со уште една милијарда долари, без објаснување.