ТРАМП ЈА СМЕСТИ ВЕНЕЦУЕЛА ВО САД: На фотографијата што ја објави американскиот претседател Венецуела стана дел од САД
- Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, пред два дена изјави дека нејзината земја не планира да стане 51-ва земја на САД, по информациите дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за таков чекор.
- Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social визуелна содржина во форма на мапа на која Венецуела е прикажана како дел од САД, со натпис „51-ва држава“.
- Ќе продолжиме да ги браниме нашиот интегритет и суверенитет, нашата независност и нашата историја“, рече Родригез, која ја презеде власта во јануари по американската воена операција, со која беше соборен тогашниот претседател Николас Мадуро, пренесуваат американските медиуми.