Трамп привремено ја стопира изградбата на ѕидот во Националниот парк „Биг Бенд“ на границата со Мексико
- Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека привремено ќе ја прекине изградбата на контроверзниот граничен ѕид во Националниот парк „Биг Бенд“ во јужниот дел на Тексас, додека шефот на агенцијата задолжена за изградбата не изврши „проценка на терен“.
- Родни Скот, директор на Службата за царина и гранична заштита (ЦБП) што е задолжена за изградбата на ѕидот, на мрежата „Икс“ соопшти дека ќе отпатува во Тексас за да изврши проценка.