Трамп повторно изјави дека Мелони го молела да се фотографираат, за да си го подигнела рејтингот
- Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно изјави дека италијанската премиерка Џорџа Мелони повеќепати го молела да се фотографира со него за време на Самитот на Г7 во Франција, оценувајќи дека тоа веројатно го правела за да ја зголеми својата опаѓачка популарност во Италија.
- Таа стои лошо во Италија според рејтингот на популарност, можеби затоа што ги одби САД, кои навистина ја сакаат и ја штитат Италија“, напиша Трамп.