Трамп најави пауза на „Проектот Слобода“, Рубио изјави дека операцијата „Епски бес“ е завршена
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Проектот Слобода“ (Project Freedom), иницијативата за обезбедување на пловидбата низ Ормуската Теснина, ќе биде паузирана „на краток временски период“ за да се види дали може да се финализира и потпише договор со Иран.
- Од почетокот на судирите меѓу САД, Израел и Иран на крајот на февруари, Техеран практично ја запре пловидбата низ Ормуската Теснина преку закани и напади, додека Вашингтон воведе поморска блокада за бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.