Трамп го пофали Путин за ослободувањето американски државјанин без размена на затвореници
- Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали рускиот претседател Владимир Путин за ослободувањето на американскиот државјанин Стивен Хабард, кој беше затворен во Русија под обвинение дека се борел на страната на украинските сили, нагласувајќи дека Вашингтон не морал да даде ништо за возврат, пренесе ДПА.
- Американскиот претседател истакна дека лично побарал ослободување на Хабард за време на телефонскиот разговор со Путин минатата недела.