Трамп воведува царини за дронови и ја враќа старата технологија на американските бродови
- Според Белата куќа, Трамп му наредил на министерот за одбрана, Пит Хегсет, да ги замени напредните електромагнетни системи со традиционални парни катапулти и хидраулични системи, бидејќи верува дека постојните решенија се премногу скапи и премногу сложени, објави Еј-Би-Си.
- Претседателот на САД Доналд Трамп, потпиша два документа со кои се воведуваат нови тарифи за беспилотни летала и нивните компоненти и ѝ се наредува на американската морнарица да ги замени напредните електромагнетни системи за лансирање авиони и подигнување оружје на носачи на авиони со традиционални парни и хидраулични системи.