Трамп: Би било многу лошо за НАТО доколку сојузниците не помогнат во обезбедување на Ормускиот теснец
- Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за „Фајненшл тајмс“, рече дека би било многу лошо за иднината на НАТО доколку сојузниците не помогнат во обезбедувањето на Ормускиот теснец, критичен воден пат за глобалниот превоз на нафта.
- Ќе се сетиме“ ако земјите не помогнат, вели Трамп и додаде дека ќе биде интересно да се види кои земји ќе им помогнат на САД со она што го нарече „многу мал потфат“.