Трамп бара да им се одземат лиценците на две национални телевизии оти не го пренесувале неговиот говор
- Две од трите главни американски телевизиски мрежи, Ен-би-Си и Еј-би-си, како и Си-ен-ен, не го емитуваа вчерашното обраќање на Доналд Трамп во ударниот термин, поради што американскиот претседател изјави дека се вклучиле во заговор и дека треба да им се одземат лиценците, пренесува Политико.
- Во говорот, Трамп декласифицираше разузнавачки информации за кои рече дека покажуваат кинеско мешање во американските избори, и покрај тоа што американските разузнавачки служби не пронашле докази дека Пекинг влијаел врз исходот на изборите во 2020 година.