Техеран ѝ се закани на Европа: Цели ќе бидат земјите што обезбедуваат бази за напади врз Иран!
- Портпаролот на Корпусот на чуварите на исламската револуција (ИРГЦ), Сардар Мохеби, денеска изјави дека Иран одлучно ќе одговори на секоја закана и предупреди дека секоја земја чии воени бази се користат за напад врз Иран ќе стане цел на иранските сили.
- Зборувајќи за ракетните капацитети на Иран, Мохеби рече дека, доколку Врховниот водач издаде наредба, Техеран би можел да спроведе операции без географски ограничувања – вклучително и напади врз американските бази во Европа – пренесува агенцијата „Тасним“.