Техеран демантира тврдења на Вашингтон: Немаме залихи на нафта во меѓународни води
- Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како психолошки трик изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта што ја складирал на море.
- Портпаролот на иранското министерство, Саман Годуси, ги нарече изјавите на Бесант „психолошки трик“ и нагласи дека Иран во моментов нема нафта складирана во меѓународни води или вишок количини наменети за други пазари.