Техеран го демантира Вашингтон: Прават „психолошки трик“, немаме залихи на нафта во меѓународни води
- Портпаролот на иранското министерство, Саман Годуси, ги нарече изјавите на Бесант „психолошки трик“ и нагласи дека Иран во моментов нема нафта складирана во меѓународни води или вишок количини наменети за други пазари.
- Иранското Министерство за нафта ги оквалификува како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој изјави дека официјален Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Иран да продава нафта „што ја складирал на море“.