Тензии над Егејското Море: Турски дронови и авион 14 пати навлегле во грчкиот воздушен простор
- Турските авиони летале над североисточниот, централниот и југоисточниот дел од Егејското Море, каде што, покрај 14-те повреди на националниот воздушен простор, регистрирале и 10 прекршувања на правилата за воздушен сообраќај во рамките на Атинскиот информативен регион за летови (FIR), објавува „Прототема“.
- Генералштабот на грчката војска денеска соопшти дека пет турски беспилотни летала (дронови) и еден извидувачки авион CN-235 во текот на денот 14 пати го нарушиле грчкиот воздушен простор.