DAY.MK

обновено 17:51, 02.11.2026

Телефоните на германските министри и пратеници биле цел на напади од шпионски софтвер

пред 3 часа • 3 извори
Телефоните на германските министри и пратеници биле цел на напади од шпионски софтвер

Кратко

  • Министерот рече дека, според известувањето на Федералната канцеларија за безбедност на информациите-БСИ (BSI), предупредувањата почнале да пристигнуваат на засегнатите телефони на 29 октомври и дека во нив е наведено дека „Епл“ го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“.
  • Германскиот министер за дигитална администрација Карстен Вилдбергер денеска изјави дека членовите на Бундестагот и федералната влада добиле предупредувања од „Епл“ (Apple) дека нивните телефони „Ајфон“ (iPhone) можеби биле цел на напад од шпионски софтвер.
  • Според Вилдбергер, БСИ ги советувал засегнатите да претпостават, како мерка на претпазливост, дека нивниот уред можеби е компромитиран, бидејќи предупредувањата не укажуваат дали нападот бил успешен.

Повеќе статии