Суд во Берлин осуди четворица мажи на затворски казни, набавувале оружје за Хамас
- Суд во Берлин денеска осуди четворица мажи, членови на Хамас, на затворски казни од четири и пол до шест години за набавка на оружје за палестинската милитантна група, јави ДПА.
- Судот утврди дека обвинетите, на возраст меѓу 36 и 58 години, дејствувале како „странски оперативци“ одговорни за складиштата за оружје на палестинската милитантна група во неколку европски земји, вклучувајќи ги Полска, Бугарија и Данска.