СУД ВО БАЊА ЛУКА: Милорад Додик е виновен за дискриминација на ЛГБТИ лица, тужбата е покрената во врска со напад во 2023 година
- Судот му забрани на Додик понатамошно преземање на исти или слични дејствија што го кршат или можат да го прекршат правото на еднаков третман за членовите на ЛГБТИ заедницата.
- Основниот суд во Бања Лука го прогласи Милорад Додик, лидерот на владејачката партија во Република Српска, за виновен за дискриминација на ЛГБТИ лица, соопшти денеска Сараевскиот отворен центар (СОЦ), кој исто така поднесе тужба против Додик.