Србија: Приведени пет лица под сомнение дека планирале насилство во Белград на изборниот ден
- Пет лица се уапсени во Нови Сад под сомнение дека планирале насилство и немири во Белград на денот на предвремените парламентарни избори на 25 октомври, објави српскиот јавен радиодифузен сервис РТС, пренесувајќи соопштение на надлежните органи.
- Според обвинителството, осомничените подготвувале мобилни групи што требало да дојдат во престолнината и да учествуваат во насилни дејствија за време на гласањето в недела.