Скандал во Пентагон: Поранешен американски генерал под истрага за оддавање воени тајни за Украина и Иран на новинари
- Поранешен висок американски воен функционер е под федерална истрага поради сомневања дека на новинари им откривал доверливи информации за Украина и Иран, објави денеска порталот „Аксиос“.
- Поранешниот генерал-потполковник на американската армија Брет Силвија, кој ја извршуваше функцијата главен воен планер во Пентагон, се соочува со можност за воен судски процес, откако минатата недела беше разрешен од министерот за одбрана Пит Хегсет во рамки на акцијата на администрацијата против неовластеното откривање доверливи информации.