Сијарто: Унгарија ќе ја блокира финансиската помош за Украина и пакетот санкции на ЕУ кон Русија сè додека не профункционира нафтоводот „Дружба“
- Унгарија ќе продолжи да го блокира заемот од 90 милијарди евра за Украина и новите санкции кон Русија сè додека протокот на нафта преку нафтоводот „Дружба“ останува суспендиран, изјави денеска во Брисел министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, пренесе „Ројтерс“.
- Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија ќе ја блокира финансиската помош за Украина во висина од 90 милијарди евра и 20-тиот пакет санкции на ЕУ за Русија сè додека не биде решено прашањето за транспорт на нафта преку нафтоводот „Дружба“.