Сијарто: Европската комисија треба да ја врати руската енергија наместо да повикува на штедење
- Европската комисија треба да ги врати руските енергетски производи на европскиот пазар за да ја спречи енергетската криза, наместо да шири патетични повици за штедење, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
- За потсетување, европскиот комесар за енергија, Дан Јоргенсен, изјави дека Европската унија се подготвува за долгорочен енергетски шок, дека се очекува понатамошно влошување на ситуацијата во наредните недели и дека цените на енергијата ќе останат високи долго време.