DAY.MK

обновено 14:58, 26.04.2026

Силен земјотрес го разбуди Крит

пред 54 часа 3 извори
Силен земјотрес го разбуди Крит

Кратко

  • Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер беше регистриран кусо пред 6. часот утрово по локално време во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, а засега не се пријавени некакви проблеми.
  • Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) професорот Ефтимиос Лекас за ЕРТ посочи дека освен на Крит земјотресот бил почувствуван и на соседните острови Касос и Карпатос.
  • Заменикот префект на областа Јанис Андрулакис за државната телевизија ЕРТ рече дека земјотресот бил почувствуван во источниот дел на островот и се во исчекување да видат дали се предизвикани некакви проблеми, а цивилната заштита на конкретните регионални единици е во состојба на готовност.

Повеќе статии