СЕ ОТВОРА ЛИ ПАТОТ КОН МИР - Украина и Русија на нови преговори со посредство на САД
- Американските посредници ќе седнат на маса со украински и руски претставници првпат од февруари годинава, во уште еден обид да се стави крај на војната, за чие решавање претседателот Доналд Трамп постојано даваше ветувања.
- Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф објави дека најавените преговори меѓу Украина и Русија со посредништво на САД ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби.