Санчез: Цела Шпанија е во жалост по железничката катастрофа во близина на Толедо
- Цела Шпанија е во жалост по железничката катастрофа во близина на Толедо во која загинаа најмалку 68 лица – изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез, оценувајќи ја трагедијата како една од најтешките во поновата историја на земјата.
- Недозволиво е земја како Шпанија да преживее две катастрофи со брзи возови во иста година, како овие на кои бевме сведоци – изјави Санчез, потсетувајќи на трагедијата во Адамус, во Андалузија, каде во јануари годинава загинаа 46 лица.