САД планираат најризична операција во Иран: Упад на специјалните сили и екстракција на ураниум
- Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за воена операција со која САД би извлекле речиси 450 килограми збогатен ураниум од Иран, според американските претставници, пишува „Волстрит џурнал“.
- Трамп јасно стави до знаење во разговорите со политичките сојузници дека на Иран не смее да му се дозволи да го задржи материјалот, а исто така ја разгледува и можноста САД да го земат со сила доколку Техеран не се согласи со тоа во преговорите, објавува „Волстрит џурнал“.