САД обвинија четворица членови на мексикански картел за трговија со дрога и оружје
- Американските власти соопштија дека подигнале обвиненија против четворица членови на еден од најмоќните мексикански наркокартели, кои се обиделе да набават оружје и муниција во Чешка.
- Американските власти минатата седмица соопштија дека подигнале обвиненија и против неколку високи членови на картелот и ја зголемиле наградата за информации што би довеле до апсење на неговите лидери на сто милиони долари.