САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин
- Страните се согласија за механизам за прекин на борбите во Либан и отворија комуникациска линија за да се обезбеди безбеден премин за комерцијалните бродови низ спорниот теснец, се вели во соопштението.
- Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторувањето на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе продолжи со нападите врз Иран, пишува утринава Ројтерс.