САД бараат од Азија да ги зголеми воените трошоци поради Кина
- Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска ги повика азиските сојузници да ги зголемат воените трошоци за да се спротивстават на растечката моќ на Кина и да ја спречат нејзината доминација во регионот, предупредувајќи на „оправдана тревога“ поради нејзиното брзо воено засилување.
- Ниту една земја, вклучително и Кина, не може да наметне хегемонија и да ја доведе во прашање безбедноста на нашата нација и нашите сојузници, рече Хегсет.