Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
- Во 2014 година земјите членки на НАТО се договорија постепено да ги зголемат трошоците за одбрана на два процента од БДП, а минатата година на самитот во Хаг се обврзаа тие издвојувања до 2035 година да достигнат пет проценти од БДП.
- Словенија, Албанија и Чешка не ја исполниле целта за издвојување два процента од бруто-домашниот производ за одбрана во 2025 година, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел.