Русија привремено го ограничува увозот на коскесто овошје од пет големи турски производители
- Русија од денеска привремено го ограничува увозот на коскесто овошје од пет големи турски производители поради повеќекратно утврдено присуство на штетници и на други организми што подлежат на карантински надзор, објави турското издание „Туркије тудеј“.
- Мерката се однесува на праски, нектарини, кајсии, сливи, цреши, вишни и на маслинки, соопшти руската Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор („Росселхознадзор“).