Рудари од Зеница стапија во штрајк со глад поради четири неисплатени плати
- Шестмина членови на Синдикалниот одбор на рударите во Рудникот за кафеав јаглен во Зеница, Босна и Херцеговина, стапија во штрајк со глад поради неисплатени плати за четири месеци, објави босанската редакција на регионалната телевизија „Н1“.
- Штрајкот започна вчера и продолжува и денеска, при што рударите порачуваат дека нема да го прекинат сè додека не им бидат исплатени најмалку две од заостанатите плати.