Рубио: САД се задоволни од напредокот во Венецуела, на Куба ѝ се потребни реформи
- Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Вашингтон е задоволен од напредокот постигнат во Венецуела во последните три месеци и повтори дека планот на Соединетите Американски Држави предвидува стабилизација на земјата, економско закрепнување и политичка транзиција со слободни избори.
- Според него, земјата сега е во фаза на економско закрепнување, за време на која, тврди тој, економијата се обновува, а извозот на нафта до рафинериите во Соединетите Американски Држави се зголемува.