Рекорден пожар во Белгија зафати 3.000 хектари
- Утрово почна да врне дожд во источна Белгија, што им дава значајна помош на пожарникарите во гаснењето на најголемиот пожар досега регистриран во земјата, кој се закануваше да се прошири до германската граница.
- Покрај тоа, германскиот град Моншау во неделата побара од жителите во близина на белгиската граница да го напуштат подрачјето, наведувајќи дека не се очекува пожарот да се прошири на германска територија, но дека е можно значително загадување на воздухот со чад.