Рахман: Време е да се прифатат „непријатните вистини“ за да се врати довербата во ОН
- Време е да се прифатат „непријатните вистини“ за да може да се врати довербата во Обединетите нации, изјави на првиот ден од општата политичка дебата во рамките на 81. годишна сесија на Генералното собрание на Светската организација нејзиниот претседател, Халилур Рахман.
- Во заклучокот тој призна дека „задачата да се врати довербата во Светската организација не е лесна, ниту може да се заврши за еден ден“, но нагласи дека таа мора да биде исполнета за ОН во наредните децении да го реализираат својот „неверојатен потенцијал“.