📽️ 📷 РАКЕТЕН НАПАД ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ Москва тврди дека уништила изложба на дронови, Киев зборува за цивилни жртви
- Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили извеле напад со високопрецизно оружје со голем дострел врз објект во предградие на Киев, каде што, според Москва, се одржувала демонстрација на беспилотни летала користени за напади врз цивилни цели во Русија, пренесува ТАСС.
- Гувернерот на Киевската област, Руслан Олијник, изјави дека според првичните информации, балистичка ракета погодила приватен полигон каде што во тој момент имало настан.