Путин и Сијарто ја потврдија испораката на енергенси, се зацврстува соработката меѓу Русија и Унгарија
- Рускиот претседател Владимир Путин денеска на почетокот од разговорите со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека односите меѓу двете земји се стабилни и се развиваат позитивно, особено во енергетскиот сектор, објави прес-службата на Кремљ.
- Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска објави дека на средбата меѓу Путин и Сијарто ќе се разговара и за ситуацијата во врска со снабдувањето со нафта, вклучително и испораките преку гасоводот Дружба, објави РИА Новости.
- Севкупно, односите се стабилни и се развиваат позитивно, особено кога станува збор за енергетската политика, вклучувајќи јаглеводороди и нашиот водечки проект – нуклеарната централа Пакш – рече Путин.
Извори
-
Средба Путин-Сијарто: Односите меѓу двете земји се стабилни
Извор: novamakedonija.com.mk
-
РУСИЈА И УНГАРИЈА ЈА ЗАЦВРСТУВААТ СОРАБОТКАТА Путин и Сијарто ја потврдија испораката на енергенси
Извор: plusinfo.mk
-
Путин-Сијарто: Односите се развиваат позитивно, особено во енергетскиот сектор
Извор: kanal5.com.mk
-
Путин и Сијарто ја потврдија испораката на енергенси, се зацврстува соработката меѓу Русија и Унгарија
Извор: netpress.com.mk