Пуенте: На возот на „Ренфе“ му било наредено да продолжи и покрај црвениот сигнал на пругата
- До тешката железничка несреќа кај Толедо, во која загинаа 64 лица, дојде откако на брз воз на „Ренфе“ му било наредено да продолжи да се движи и покрај тоа што на истата пруга имало друг воз, а семафорот покажувал црвено, со што биле прекршени правилата – изјави денеска шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте.
- Во меѓувреме, властите соопштија дека спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат остатоците од вагоните.