Протестот на романските овчари во Букурешт ескалираше во судири – 26 приведени и 24 повредени
- Лидерот на АУР, Ѓорѓе Симион, преку Фејсбук ги предупреди демонстрантите да не подлегнуваат на провокации од инфилтрирани лица, додека од владината прес-служба соопштија дека на плоштадот во моментот на ескалацијата не се наоѓала ниту една од репрезентативните организации на овчарите.
- Вкупно 24 лица побарале медицинска помош, а 26 се приведени откако денешниот протест на романските овчари пред зградата на Владата на плоштадот „Викторија“ во Букурешт ескалираше во сериозни судири со органите на редот, јавија локалните медиуми.