ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА: Распоредени 70.000 припадници на полицијата и жандармеријата против денешните демонстрации
- Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез ги повика префектите и безбедносните службеници да бидат „особено внимателни“ за време на денешните протести, предупредувајќи на можноста за насилство и радикализација на демонстрациите, објави „Фигаро“.
- Нуњез рече дека денешните протести би можеле да добијат на интензитет, и покрај помалата мобилизација минатиот викенд, кога, според Министерството за внатрешни работи, 106. луѓе демонстрираа низ цела Франција.