Провокација: Зеленски издаде „дозвола“ на Русија за парада на Црвениот плоштад
- На Русија не ѝ треба ничија дозвола за одржување на Парадата на Денот на победата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде официјален декрет со кој ѝ се дозволува на Москва да одржи воена парада на Црвениот плоштад.
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес издаде официјален декрет „со кој се дозволува Русија да одржи воена парада на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај“, објави веб-страницата на кабинетот на украинскиот претседател.