Прин: Насилството на улиците покажува дека треба да се подобри интеграцијата на мигрантите во Германија
- Германската министерка за образование Карин Прин денеска изјави дека насилството за време на протестите на младите што се случи пред два дена е индикатор дека треба да се подобри интеграцијата на луѓето со мигрантско потекло во германското општество.
- Најсериозни судири беа забележани во Берлин, Франкфурт, Хамбург, Келн и Штутгарт, каде што некои демонстранти фрлаа шишиња, камења и пиротехнички средства кон полицијата, запалија барикади и предизвикаа немири.