Приведени припадници на белградската Интервентна полиција, осомничени се дека спречиле процесуирање по пукање во ресторан
- Приведени се командантот на Интервентната единица 92 и неговиот помошник поради сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со влијание во соизвршителство“, како и двајца на интервентен тим на таа единица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба“.
- Притворен е и управителот на ресторанот поради непријавување кривично дело и помагање на сторител по извршување кривично дело.