Прв случај во светот: Пациент во Франција почина по зараза со добиточниот вирус Шамонда
- Вирусот Шамонда, за кој досега се знаеше дека циркулира единствено меѓу добитокот, за првпат е откриен кај човек – пациент со тешко нарушен имунолошки систем, кој починал во Франција на почетокот на октомври, соопштија вчера француските власти, нагласувајќи дека нема опасност за пошироката популација.
- Се верува дека починатиот се заразил во источна Франција, каде што вирусот циркулирал меѓу животните во текот на пролетта и летото оваа година.