Поради сушата на Дунав, Романија бара помош од Брисел и одложување на затворањето на централите на јаглен
- Романските власти денеска започнаа итни работи за продлабочување на коритото на Дунав за да го зголемат протокот на реката кон единствената нуклеарна централа во земјата, АЕЦ „Черна Вода“, откако националната компанија „Нуклеарелектрика“ предупреди дека вториот реактор би можел да биде исклучен веќе на 13 август поради историски нискиот водостој.
- Централата располага со вкупно два реактора кои обезбедуваат околу 20 отсто од електричната енергија во Романија, а првиот реактор веќе беше превентивно исклучен поради сушата.