Полска ја осуди одлуката на Лавов да им оддаде почит на украинските националисти од Втората светска војна
- Полскиот премиер Доналд Туск остро реагираше на одлуката на градот Лавов 2027 година да ја посвети на герилците од Втората светска војна, кои се сметаат за одговорни за масакрот врз Полјаците во западна Украина, изјавувајќи дека овој чекор „ѝ штети на Украина и им оди во прилог на оние што ѝ мислат лошо“, пренесе ДПА.
- Регионалниот совет на Л’вов вчера ја прогласи 2027 година за Година на Украинската востаничка армија (УПА) и на нејзиниот командант Роман Шухевич, совпаѓајќи се со 85-годишнината од основањето на УПА и 120-годишнината од раѓањето на Шухевич.