Пијан претседател на избирачка комисија во Бугарија разрешен среде изборен ден
- Претседател на избирачка комисија во бугарското село Изгрев, во општина Царево, во близина на Бургас, е разрешен од должност откако било пријавено дека на избирачкото место се појавил под дејство на алкохол, јавува Бугарската национална телевизија (БНТ).
- Инцидентот се случил за време на изборниот процес, а случајот бил пријавен телефонски до Регионалната изборна комисија во Бургас.